Младинците на Тинекс Пролет го освоија четвртото место на Ф4 турнирот во Богданци

Младинците на Тинекс Пролет го освоија четвртото место на фајналфор турнирот што се одржа во Богданци, откако нашите млади ракометари и покрај големата борба претрпеа порази на двете средби, најпрвин со Бутел, а потоа и со домаќинот Младост. Голем успех беше остварен со самиот пласман на овој фајналфор и елиминацијата на големиот фаворит Мулти Есенс, но на тој натпревар двајца наши ракометари заработија незгодни повреди, што се одрази на играта и резултатите на фајналфор турнирот во Богданци.

Тинекс Пролет во полуфиналето се сретна со скопскиот ривал Бутел. Мечот беше максимално цврст, со добра игра во одбраната на двете страни, а на крајот на триумф се радуваа „бутелци“, со конечни 20-22. Во мечот за третото место нашите млади ракометари се сретнаа со Младост Богданци, меч во кој домаќините беа подобри на теренот и заслужено славеа со 31-26. 

Со добрите игри на овие два натпревари, нашиот ракометар Дамјан Георгиев беше избран за најдобро десно крило на овој завршен турнир.

Нов шампион на Македонија во младинска категорија е тимот на Голден Арт, кој во големото финале го совлада Бутел со резултат 31-27.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести