Пораз од фаворитот Еурофарм Пелистер во полуфиналето на Купот на Македонија (21-28)

Еурофарм Пелистер е првиот финалист во Купот на Македонија откако битолскиот суперлигаш славеше во полуфиналната пресметка против Тинекс Пролет со резултат 28-21. Подмладениот состав на Тинекс Пролет се обиде да стори нешто повеќе, но квалитетот и искуството денеска беа на страната на битолчани, кои го контролираа темпото на игра и резултатот и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Младиот пивот Спасовски го постигна првиот гол за Тинекс Пролет во ова полуфинале, неколку минути подоцна стрелец беше и капитенот Ласко Андоновски, но од самиот старт беа очигледни проблемите во нападот против цврстата битолска одбрана, па резултатот по десет минути игра гласеше 6-2 за Еурофарм Пелистер. Александар Василевски влезе во серија на погодоци, но и „пелистерци“ на спротивната страна влегоа во ритам во нападот, поведувајќи со 12-5. Пред крајот на полувремето во ритам влезе и левото крило Давор Палевски, постигнувајќи три гола во низа, но „пелистерци“ го одржаа удобното водство и на одмор се замина со нивно водство од 17-10.

Противникот беше нешто подобар и на стартот од второто полувреме во кое Еурофарм поведе со девет гола предност (22-13, 23-14). Тинекс Пролет одговори со сопствена мини серија, намалувајќи на 23-17, резултат при кој беше пропуштена можност преку полуконтра уште повеќе да се намали негативата. До крајот на мечот можеше да се проследи израмнет ракомет во кој Пелистер рутински ја задржа прдноста се до конечните 28-21. 

Палевски беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет со шест погодоци, пет постигна младиот Спасовски, а четири Александар Василевски. Меѓу стрелците од нашиот табор се запишаа уште и Пецаковски, Андоновски и Димов со по два погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести