Пораз на гостувањето против Охрид (28-19)

Тинекс Пролет претрпе убедлив пораз од 28-19 на денешното гостување против Охрид, ривалот кого го совладавме на домашен терен во првиот круг од натпреварувањето, но не успеавме да го повториме успехот и во салата „Билјанини извори“. Противникот беше поквалитетен, клучната предност создавајќи ја на крајот од првото и почетокот од второто полувреме, кога Тинекс Пролет не успеваше да најде лек за цврстата одбрана на охриѓани.

Натпреварот почна со израмнета игра на двете страни, Охрид набрзина дојде до „плус два“ (4-2), но Тинекс Пролет благодарение на одличните Ласко Андоновски и Александар Василевски експресно возврати и израмни на 5-5. Ваквата игра продолжи до 7-7, а по првото исклучување на Ласко Андоновски домаќините за првпат стигнаа и до три гола предност (10-7). Токму Андоновски ја прекина серијата од седум минути без гол со одлична соло-акција, но судијата Колевски им излезе во пресрет на домаќините со непостоечки пенал, згора на тоа и второ исклучување за нашиот капитен, подарок што охриѓани знаеја да го искористат и на одмор заминаа со предност од 12-8.

Почетокот на второто полувреме мина целосно во знакот на охриѓани, кои постигнаа четири гола во низа и практично на самиот старт од вториот дел ја запечатија победата. Палевски погоди во 38. минута за прв гол на Тинекс Пролет во овој дел од мечот, но проблемите со нападот продолжија. Охриѓани знаеја како да ги искористат своите шанси и на десет минути до крајот поведоа со 23-13, до крајот контролирајќи го убедливиот резултат, славејќи заслужено со конечни 28-19.

Капитенот Ласко Андоновски беше прв стрелец на Тинекс Пролет со пет гола на овој меч, по четири постигнаа Василевски и Палевски, додека три погодоци на овој дуел постигна младиот Спасовски.

Следен предизвик за тимот на Тинекс Пролет е завршниот турнир од Купот на Македонија што ќе се одржи во Охрид, каде в четврток во полуфиналето ќе се сретнеме со екипата на Еурофарм Пелистер.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести