Силниот отпор недоволен за триумф над Алкалоид (22-28)

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да стигнат до позитивен резултат на дуелот со Алкалоид, губејќи со 22-28 поради големиот пад во играта во завршните минути. Младиот состав на Тинекс Пролет покажа одлична игра во второто полувреме, се врати од негатива и имаше напад за водство, но деконцентрацијта во овие важни моменти придонесе наместо целосен пресврт, Алкалоид да влезе во серија во завршницата и да стигне до победата.

Скопската пресметка почна со одлична одбрана на Михаљевиќ, по што Александар Василевски постигна прекрасен погодок за водство од 1-0. Пролет имаше и 2-1, но потоа се влезе во серија грешки во нападот по што гостите го свртеа резултатот во своја полза и поведоа со 3-7. Лембанов побара тајмаут, Алкалоид ја одржуваше предноста од четири гола до 7-11, Тинекс Пролет успеа да намали на 10-12, за на одмор да се замине со предност на гостите од 11-14.

Почетокот на второто полувреме мина во знакот на нашиот тим, кој многу полесно наоѓаше начин да ја пробие зоната на гостите и да ја затресе мрежата на Алкалоид. Предноста на Алкалоид се испоти, па со погодокот на Ласко Андоновски, постигнат од место од девет метри Тинекс Пролет успеа да израмни на 20-20. Алкалоид беше во криза во овој период од мечот, но Тинекс Пролет не успеа да го искористи тоа за целосен пресврт, не реализирајќи напад за водство, во кој наивно беше загубена топката и гостите казнија со гол од контранапад на спротивната страна.

При резултат 21-22 и досуден пенал за Тинекс Пролет, Пецаковски го погоди во главата гостинскиот голман Благојче Трајковски, за што доби директен цреен картон. Токму по овој момент гостинските ракометари успеаја да се одлепат и целосно да го скршат отпорот на Пролет, со три гола поведувајќи со 21-25, за на крајот да ја зголемат предноста до конечните 22-.28.

Александар Василевски беше прв стрелец и на овој натпревар постигнувајќи шест гола, по четири постигнаа Андоновски и Пецаковски, додека по два погодоци реализираа Димов, Димковски и Крстески.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар24
2Е. Пелистер21
3Охрид19
4Алкалоид18
5Тиквеш14
6Е. Пелистер 212
7Бутел11
8Тинекс Пролет9
9Прилеп8
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести