Тинекс Пролет со благодарница за Иван Џонов

Ракометниот клуб Тинекс Пролет пред вечерашниот дуел со Алкалоид му врачи благодарница на Иван Џонов, за придонесот што овој ракометар го даде за тимот во годините што ги мина носејќи го дресот на скопскиот суперлигаш.

Џонов ги мина младинските категории на Тинекс Пролет, по што се промовираше како значаен адут и во првата екипа на овој клуб. Тој беше младински репрезентативец на Македонија на СП во Алжир, а беше дел и од сениорската репрезентација на Македонија на последниот мундијал што се одржа во Полска.

Претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски пред натпреварот покрај благодарницата му подарија на Џонов дрес со бројот 18, што го носеше во Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести