Лембанов: Дисциплината во одбраната мора да биде на највисоко ниво против Алкалоид

Ракометарите на Тинекс Пролет веднаш по велигденските празници се враќаат на обврските во плејофот од домашниот шампионат, и тоа со дуел на домашен терен против третопласираниот Алкалоид (19 часот, сала „Македонско Сонце“). Станува збор за пресметка меѓу две екипи со млади и перспективни македонски ракометари во своите редови, меч на кој Тинекс Пролет ќе се обиде да прикаже уште една добра партија, по онаа на ремито во Кавадарци против екипата на Тиквеш.

Според тренерот Алексо Лембанов, клучен аспект во играта на Тинекс Пролет мора да биде враќањето во одбрана, за да се неутрализира главното оружје на противникот - брзата транзиција која носи лесни голови.

„Влегуваме во дуелот со Алкалоид по оној извонреден натпревар со Тиквеш во Кавадарци, на кој успеавме да стигнеме до бод. Она што мора да се пофали на тој натпревар беше одличната игра во одбрана, која беше на високо ниво од почеток до крај. Тоа ќе ни биде потребно и на престојниот меч со Алкалоид, тим што одлично се движи и кој многу лесно постигнува голови по грешки на противникот, од контри и полуконтри. Токму затоа, нашата дисциплина во одбраната мора да биде на највисоко ниво. Мораме да сме сконцентрирани во нападот, но и кога ќе се случи да не реализираме, експресно да се вратиме и да поставиме зона. Верувам дека ако играме во поставена зона, Алкалоид ќе има проблеми да најде пат до мрежата како што тоа беше случај и со составот на Тиквеш“, изјави Лембанов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести