Солиден отпор и пораз од шампионот Вардар (30-23)

Тинекс Пролет претрпе пораз од 30-23 на гостувањето против Вардар во рамките од првото коло на ракометниот плејоф на Македонија. Актуелниот шампион ја оправда фаворитската улога, а нашиот тим и со подмладен состав во голем дел од натпреварот целосно му парираше на првакот, покажувајќи потенцијал и давајќи простор за оптимизам пред продолжението од сезоната.

„Вардарци“ беа нешто подобар противник во почетните минути од мечот, поведувајќи со 5-2. Тинекс Пролет сепак покажа карактер и успеа да се врати, најпрвин израмнувајќи на 7-7, а нешто подоцна во неколку ситуации и поведувајќи со по еден гол разлика (9-10, 10-11, 11-12). „Црвено-црните“ успеаја да направат пресврт во финишот од полувремето, со серија од 3-0 најпрвин поведоа со 14-12, заминувајќи на одмор со водство од 17-14. 

Цврстата одбрана на стартот од второто полувреме придонесе негативата да биде спуштена на само еден гол (18-17). Сепак, како што одминуваше времето така и подмладениот состав на Тинекс Пролет губеше сила, а искусниот тим на Вардар знаеше како да го искористи тоа. Полското крило Чувара имаше свој ден за „црвено-црните“ и со 13 постигнати погодоци го предводеше својот тим до победа од конечни 30-23.

Александар Василевски со пет гола беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет, по четири постигнаа Крстевски и Андоновски, а три пати прецизен беше младиот Виктор Додевски.

Тинекс Пролет во следното коло на домашен терен ќе го пречека тимот на Тиквеш.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести