Додевски останува верен на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет потпиша нов договор со Виктор Додевски, 19-годишниот ракометар кој е директен производ на младинската школа на нашиот клуб.

Додевски, кој настапува на позицијата десен бек и десно крило, е еден од најдобрите ракометари во младинската екипа на Тинекс Пролет, а во последните сезони добиваше шанса и во првиот тим да ги покаже своите ракометни квалитети. 

Заедничка желба на управата на клубот и на самиот ракометар е тој да продолжи да се развива носејќи го дресот на Тинекс Пролет, што резултираше со потпис на новиот долгогодишен договор. 

Со овој потпис, нашиот клуб уште еднаш ја потврдува тенденцијата да остварува добри резултати базирајќи се на македонски ракометари кои секогаш ќе добиваат шанса во Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести