Пораз од Бутел во последната контрола пред плејофот (25-27)

Тинекс Пролет претрпе минимален пораз од 27-25 на гостувањето против Бутел, во последниот контролен меч што избраниците на тренерот Лембанов го одиграа како дел од подготовките за вториот дел од сезоната. Денешниот дуел со квалитетниот ривал покажа низа позитивни работи кај нашиот подмладен тим, кој долго време беше во водство, но поради падот на концентрацијата во финишот го загуби натпреварот.

Тинекс Пролет почна импресивно, со цврста одбрана и одличен напад отворајќи го мечот со извонредно водство од 2-8. Како што одминуваше времето, така „бутелци“ се враќаа во натпреварот, па на одмор се замина со предност на Пролет од 13-15. Во вториот дел можеше да се проследи израмнета игра на двете страни, но во завршницата пресуди нешто поголемото искуство на домаќините, кои беа поприсебни во клучните моменти, го свртеа резултатот во своја полза и триумфираа со 27-25.

Претходно, Тинекс Пролет загуби од косовскиот прволигаш Вустрија со 27-30. Четирите пријателски средби (две победи над Јуниор Кисела Вода и над Голден Арт, поразите од Вустрија и од Бутел) беа одлична можност за воигрување на тактичките замисли на тренерот во нашиот подмладен состав, како подготовка за предизвиците што ќе ги носи вториот дел од сезоната и учеството во плејофот од македонскиот шампионат.

Тинекс Пролет во првото коло од плејофот што стартува следниот викенд ќе му гостува на шампионот Вардар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести