Добра група за Тинекс Пролет во Купот на Македонија

Тинекс Пролет имаше поволна ждрепка на денешното извлекување на четвртфиналните двојки за Купот на Македонија, откако нашиот тим беше извлечен во групата 2, заедно со екипите на Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт и Радовиш.

Според ждрепката, во првиот меч од групата Тинекс Пролет ќе се сретне со градскиот ривал Голден Арт, а потоа во случај на победа ќе го очекува и натпревар со подобриот од мечот Радовиш - Еурофарм Пелистер 2. Натпреварите од оваа фаза се предвидени за 18/19 март, а дополнително ќе биде одлучено кој од четирите тимови ќе ја има улогата на домаќин.

Победникот на оваа група ќе се сретне со најдобрите од останатите четири екипи на фајналфор турнирот од Купот на Македонија, закажан за 14/15 мај.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести