Тинекс Пролет со двајца ракометари на репрезентативните подготовки за СП 2023

Македонската репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за СП 2023 што ќе се одржи во Полска и во Шведска,а селекторот Кире Лазаров на располагање има и двајца ракометари на Тинекс Пролет, Томи Јагуриновски и Иван Џонов.

Јагуриновски има одлична сезона откако од исландски Тор потпиша за Тинекс Пролет и даде значаен придонес во освојувањето на второто место. Десниот бек воедно одигра одлично и во бараж дуелите за пласман на овој мундијал, изнудувајќи го клучниот пенал во победата во Скопје над Чешка.

Џонов сезонава блеска во дресот на Тинекс Пролет, максимално користејќи ја улогата и минутажата доделена од тренерот Лембанов. Тој настапи за Македонија и на последните квалификациски дуели со Луксембург и со Турција, каде добрите настапи му беа препорака да се најде на списокот за подготовките за овој мундијал.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести