ФОТОГАЛЕРИЈА од промоцијата на книгата „60 Години РК Пролет“

Погледнете ги фотографиите од денешната прослава по повод промоцијата на книгата „60 Години РК Пролет’. 

На неа, РК Пролет ги избра „Дванаесетте Величествени“ како легенди кои го носеле или се уште го носат дресот на овој клуб. Од актуелните играчи, големото признание го доби долгогодишниот капитен Ласко Андоновски, покрај кого меѓу „Дванаесетте Величествени“ се најдоа уште и : Душко Јордановски - Дуле Чиче, Стефанчо Коруновски, Љупчо Гочевски - Шљак, Илија Темелковски, Никодин Кокаланов - Мец, Ристо Трпчевски - Буцо, Љуан Чаволи - Лули, Славе Атанасовски - Чаве, Владимир Миљовски - Брле, Мирослав Трајковски - Миро Шумски и Драган Здравковски - Ангор.

На свеченоста на која беше промовирана оваа книга присутни беа бројни ракометни имиња, како претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, Генералниот Секретар Филип Милошевски, потоа првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, како и селекторот на женската репрезентација, Љубомир Савевски, потоа Ванчо Димовски, Горан Кузманоски, Индира и Зоран Кастратовиќ и уште бројни имиња од домашната ракометна јавност.


 

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести