Рутински триумф на градската пресметка со Скопје (35-30)

Тинекс Пролет не престанува со победничкиот ритам во ракометната Супер-лига на Македонија, по најновиот триумф што избраниците на тренерот Лембанов го забележаа на дуелот со Скопје, изразен со конечни 35-30. Нападот функционираше беспрекорно, одбраната не беше на посакуваното ниво, но тоа е сосема очекувано ако се знае дека тренерот Лембанов наовој меч пробуваше најразлични тактички варијанти, давајќи им шанса и на помладите ракометари да покажат што знаат и умеат.

Скопје знаеша да го искористи слабото функционирање на одбраната на Тинекс Пролет на самиот почеток од натпреварот, поведувајќи со 4-7. Јасно беше дека консолидацијата во играта на Пролет е само прашање на време, избраниците на Лембанов почнаа се подобро да ги затвораат приодите кон сопствениот гол, овозможувајќи си лесни погодоци на спротивната страна од теренот. Гостите ја загубија самодовербата, тоа резултираше со неефикасност до крајот на полувремето, што Пролет го заврши со водство од убедливи 18-13.

Малото опуштање на стартот од второто полувреме придонесе гостите повторно да се доближат, па за момент да дојдат на само еден гол разлика. Сепак, Тинекс Пролет поседува и искуство и квалитет за да не дозволи изненадување, важни голови постигнаа Крстевски и Џонов, по што нашиот тим успеа за последен пат резултатски да се одлепи и на крајот да слави со 35-30.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести