Палевски: Одиме на победа против Тиквеш, за печат на второто место

Тинекс Пролет денеска во салата „Македонско Сонце“ ќе го пречека составот на Тиквеш (18.30 часот), дуел што е од огромно значење бидејќи со победа избраниците на тренерот Лембанов имаат можност да го осигураат второто место во групата. Одличните изданија и двете победи над Еурофарм Пелистер 2, надополнети со ремито во Кавадарци против денешниот ривал, го ставија Тинекс Пролет во пол-позиција во трката за втората позиција, во која нашите ракометари се господари на сопствената судбина.

Јасно е дека битката нема да биде нималку лесна, Тиквеш е екипа што е одлична комбинација на млади и искусни ракометари, но Тинекс Пролет сезонава веќе покажа дека може да игра беспрекорно кога е најважно, пред се на домашен терен. 

„Верувам дека сме подготвени за она што не очекува против Тиквеш. Добро се подготвивме, во последните денови детално ја анализиравме играта на кавадарчани, со чии квалитети се запознавме и при оној интересен прв натпревар во Кавадарци. Ги одликува брза транзиција и исклучително квалитетна бековска линија, нешто што ќе мораме да го неутрализираме за да стигнеме до позитивен резултат. Слободно можам да кажам дека атмосферата во тимот е одлична, победите уште повеќе ја кренаа самодовербата и ќе сториме се за да стигнеме до победата и да го осигураме второто место во групата. Можеби владее минимална трема поради значењето на мечот, но не се сомневам дека таа ќе исчезне уште во првата минута и повторно ќе го покажеме нашето вистинско лице“, изјави Давор Палевски, левото крило кое и сезонава е меѓу најдобрите ракометари на РК Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово7
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести