Аларов: Првиот меч беше поука, денеска во вистинско светло против Радовиш

Ракометарите на Пролет денеска (18.30 часот) во салата „Македонско Сонце“ ќе го пречекаат составот на Радовиш, во обид да ја продолжат серијата добри резултати и да се зацврстат на второто место на табелата. Во првиот круг од натпреварувањето избраниците на Лембанов неочекувано освоија само еден бод на гостувањето во Радовиш, со гол примен буквално во последната секунда, што ќе биде само мотив повеќе за реванш на денешниот натпревар.

„Мечот во Радовиш беше најслабиот што го одигравме сезонава и секако дека сакаме да покажеме што знаеме и умееме против овој ривал. Свесни сме дека сме поквалитетни од радовишани, но на првиот меч се виде дека тоа само по себе не е доволно ако не сме максимално сконцентрирани и ангажирани во текот на натпреварот. Таа лекција е научена, затоа и верувам дека овојпат нашиот квалитет ќе биде демонстриран на терен, каде ќе стигнеме до посакуваниот триумф“, изјави пивотот Михаил Аларов, кој и сезонава е еден од најдобрите ракометари во таборот на Тинекс Пролет.

Нашиот тим моментно се наоѓа на второто место во групата со 20 бода, еден повеќе од третопласираниот Тиквеш.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести