Пецаковски: Веруваме во себе, тоа ни ја донесе победата во Битола

Дејан Пецаковски и оваа сезона е еден од клучните ракометари во одбранбената зона на Тинекс Пролет, дел од играта на нашиот тим што фукционира беспрекорно од стартот нуса Супер-лигата. Тоа беше клучниот фактор и на последниот дуел во Битола против Еурофарм Пелистер 2, на кој Тинекс Пролет 11 минути во првото полувреме не прими гол и си го трасираше патот до големата победа.

„Веруваме во себе, во нашите квалитети и знаеме дека ако одиграме најдобро што знаеме можеме да го победиме секој противник, без разлика дали е тоа на домашен или на гостински терен. Таа верба меѓу самите играчи, довербата што ја имаме еден кон друг, придонесува да играме квалитетен ракомет и да бележиме одлични резултати и беше пресудна и за да се стигне до позитивен резултат во Битола“, изјави Пецаковски.

Дел од заслугите секако одат и на адреса на младиот стратег Алексо Лембанов, кој лани стигна на половина сезонава, но годинава по комплетните летни подготовки успеа да изгради моќен дефанзивен колектив.

„Секако дека Лембанов исто така е значаен фактор во нашите успеси. Тој постави тактика во која сите ракометари веруваат, како во одбраната така во нападот, го предводеше тој процес на меѓусебна доверба со кој влеговме во победнички ритам. Свесни сме дека ништо не е готово и мораме да останеме фокусирани, но последните резултати дефинитивно ја креваат уште повеќе атмосферата во екипата“, вели Дејан Пецаковски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар16
2Алкалоид16
3Е. Пелистер15
4Охрид13
5Бутел11
6Тинекс Пролет9
7Прилеп6
8Е. Пелистер 26
9Тиквеш6
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести