Лембанов: Поразот од Пелистер боли, но покажавме дека сме сериозен тим

Во таборот на Тинекс Пролет владее разочарување што одличното издание против Еурофарм Пелистер не беше крунисано и со земање на скалпот на актуелниот вицешампион на Македонија. Избраниците на Алексо Лембанов имаа водство од пет гола (21-16) на десетина минути до крајот, но не успеаја да го издржат темпото што го наметнаа и на крајот претрпа минимален пораз.

„Секако дека жалиме што не стигнавме до подобар резултат, бидејќи тоа е нешто што го заслуживме со прикажаната игра.. Цели 50 минути бевме подобар противник, создадовме пет гола предност, но за жал и тоа не беше доволно. Еден од клучните моменти беше тоа исклучување на капитенот Ласко Андоновски, по кое го загубивме ритамот во нападот, а Еурофарм успеа да даде три гола во низа за кратко време и да се врати. Во финишот и среќата ни го сврте грбот, оној последен шут на Аларов заврши во дирекот и на крајот незаслужено го загубивме натпреварот. Морам да потенцирам, и покрај разочарувањето од конечниот резултат, од нашето издание против Еурофарм Пелистер можат да се извлечат бројни позитивни работи. Секако дека ќе работиме уште напорно во иднина и ќе бидеме уште подобри, но она што е клучно е дека со ова издание на сите во клубот им станува јасно дека сме сериозен тим што  може да се надева и на поголеми дострели“, вели Лембанов.

Следен противник на Тинекс Пролет ќе биде екипата на Голден Арт, меч што ќе се одигра в сабота во салата „Македонско Сонце“.

„Голден Арт е тим што ни создаде сериозни проблеми на мечот во првото коло што сепак успеавме да го добиеме. Верувам дека сме во добра форма, квалитетот е на наша страна и со еден вистински пристап од првата до последната минута ќе дојдеме до резултатот што го посакуваме“, истакнува тренерот на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести