Пет ракометари на Тинекс Пролет повикани во националните селекции на Македонија

Вкупно пет ракометари на Тинекс Пролет се најдоа на списоците на селекторите на сениорската и на кадетската репрезентација на Македонија, за претстојната ЕХФ-седмица во која на програмата ќе бидат репрезентативни дуели.

Селекторот на сениорскиот национален тим, Кире Лазаров, на скратениот список на играчи за подготовки за квалификациите за ЕП 2024 ги вклучи Томи Јагуриновски и Иван Џонов. Јагуриновски е стандарден во репрезентацијата на последните неколку собири, додека за Џонов ова е прв повик во сениорскиот состав по добрите игри што нашиот бек ги прикажа на Медитеранските игри, но и во дресот на Тинекс Пролет на стартот од сезонава. Двајцата ќе се појават на почетокот на подготовките закажан за 9 октомври, а Македонија на стартот од новиот квалификациски циклус на 12 октомври ќе го пречека Луксембург, по што ќе следи и гостување на репрезентацијата на Турција.

Селекторот на кадетската репрезентација, Раде Стојановиќ, вклучи тројца ракометари на Тинекс Пролет на списокот за пријателските дуели со Црна Гора закажани за 14 и за 15 октомври. Станува збор за Томислав Димковски, Андреј Стојановски и Михаел Тотиќ, тројца ракометари кои дадоа значаен придонес во освоеното прво место на ЕХФ-шампионатот што се одржа во Летонија.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести