Лембанов: Одговорноста е моја, предвреме ги запишавме бодовите

Во таборот на Тинекс Пролет очекувано владее разочарување по слабото издание на гостувањето против Радовиш, меч на кој со примен гол во последната секунда освоивме само еден наместо планираните три бода.

Фаворитската улога воопшто не беше оправдана, радовишани долго време го контролираа резултатот, а избраниците на тренерот Алексо Лембанов и покрај подобрата игра во последните десет минути сепак не успеаја да стигнат до посакуваниот триумф.

„Мислам дека со она што го прикажавме во Радовиш не заслуживме да стигнеме до победата. Од прв до последен, почнувајќи од мене како тренер, предвреме ги запишавме бодовите, верувавме дека лесно ќе се справиме, а Радовиш го искористи тоа и со храбра игра стигна до реми. На домаќините им честитам, а нам ни останува многу работа за да го поправиме она што го покажавме на последниот дуел. Навистина, имавме предност во последната минута, но со прикажаното во текот на целиот меч не заслуживме триумф. Како шеф на стручниот штаб целосно ја преземам одговорноста за овој неуспех, за кој верувам дека нема да се повтори и дека во иднина максимално фокусирано и ангажирано ќе ги одиграме сите натпревари“, изјави тренерот Лембанов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар16
2Алкалоид14
3Е. Пелистер13
4Бутел11
5Охрид11
6Тинекс Пролет7
7Прилеп6
8Е. Пелистер 26
9Тиквеш4
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести