Победничката серија прекината во Битола

Тинекс Пролет го претрпе првиот пораз во новата сезона откако денеска загуби на гостувањето во Битола против Еурофарм Работник2 со резултат 29-22. И покрај желбите да се стигне до четвртата победа во низа, денеска битолчани беа подобар противник на теренот во салата „Боро Чурлевски“ и заслужено ги прокнижија бодовите.

Прочитај повеќе

Петковски: Тинекс Пролет ќе игра уште подобро, ова ќе биде долга и неизвесна сезона

Андреј Петковски пристигна летово на голот на Тинекс Пролет од редовите на Голден Арт, а младиот голман уште на стартот од новата сезона покажува дека станува збор за огромен потенцијал. Тој бранеше во одлична форма во првото полувреме од дуелот со Прилеп, кога беше создадено двоцифрено водство што беше претворено во третата победа во низа на почет

Прочитај повеќе

Фуриозно прво полувреме за победа над Прилеп

Тинекс Пролет во третото коло ја забележа и третата победа во Супер-лиата, откако на премиерниот домашен дуел славеше над составот на Прилеп со резултат 31-28. Извонредното прво полувреме овозможи рутински триумф на составот на Андон Бошковски, кој останува со стопроцентен ефект во пресрет на гостувањето против Еурофарм Пелистер наредниот викенд.

Прочитај повеќе

Втор меч, втора победа за Тинекс Пролет во новата сезона

Тинекс Пролет триумфираше со 29-33 на гостувањето против Скопје, за втора победа во вториот суперлигашки натпревар од новата сезона. Новиот суперлигаш беше достоен противник во голем дел на натпреварот, но сепак на крајот пресуди искуството и квалитетот на ракометарите на Тинекс Пролет, кои остануваат со стопроцентен ефект на стартот од сезоната.

Прочитај повеќе

Пејовиќ: Бодовите од Автокоманда се драгоцени, Металург е силен тим без разлика со каков состав настапува

Тинекс Пролет одлично ја стартуваше новата сезона, триумфирајќи на гостувањето против Металург, прва победа на нашиот клуб во Автокоманда во елитното македонско ракометно друштво.Жарко Пејовиќ како најискусен ја презеде одговорноста кога беше најважно, со два гола во завршницата ставајќи печат на заслужениот триумф.

Прочитај повеќе

Освоена е Автокоманда - по голема битка совладан Металург

Тинекс Пролет триумфално ја стартуваше новата суперлигашка сезона откако вечерва славеше на гостувањето против Металург со 21-24.

Прочитај повеќе