Експедицијата на Тинекс Пролет пристигна во Шпанија

Македонскиот суперлигаш Тинекс Пролет пристигна во Гранолјерс, каде утре и задутре ќе ги одмери силите со прославениот шпански клуб во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

Прочитај повеќе

Пораз од Бутел (31-26) на „генералката“ пред Гранолјерс

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 32-26 на пријателскиот меч против Бутел, што претставуваше „генералка“ за нашиот тим пред квалификациите за Лигата на Европа и двомечот против Гранолјерс. Доне Бошковски го претрпе првиот пораз како тренер на Тинекс Пролет, а главен акцент во наредниот период ќе биде ставен на играта во одбрана, каде

Прочитај повеќе

Минимална победа над Еурофарм Пелистер 2 (34-33)

Тинекс Пролет ја забележа и втората победа во подготовките за новата сезона, откако избраниците на Андон Бошковски по тешка борба славеа над Еурофарм Пелистер 2 со резултат 34-33. За Тинекс Пролет на овој натпревар поради ситни повреди не настапија Жарко Пејовиќ и Михаил Аларов, но и без овие двајца клучни ракометари успеавме да стигнеме до победа.

Прочитај повеќе

Триумфално деби на Бошковски, ефикасен меч и победа над Прилеп (38-32)

Андон Бошковски имаше триумфално деби на клупата на Тинекс Пролет, откако нашиот клуб славеше со 38-32 на пријателскиот меч со Прилеп што беше одигран во Маврово. Ова беше прв од неколкуте натпревари што Тинекс Пролет ќе ги игра во наредниот период како загревање за двомечот со Гранолјерс во квалификациите за Лигата на Европа.

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет почна со подготовки: Јубилејната година нека донесе нови успеси

Екипата на Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која овој клуб ќе прослави и фантастичен јубилеј - 60 години постоење. Во новата сезона влегуваме со нов тренер, Андон Бошковски го презема кормилото на екипата, но амбициите остануваат исти, најпрвин влез во плејофот, а потоа и обезбедување на пласман во ракометна Европа.

Прочитај повеќе

Ѓорѓе Голубовиќ - нов ракометар на Тинекс Пролет

Ѓорѓе Голубовиќ е нов член на Тинекс Пролет откако денеска беше потпишан договор за едногодишна соработка со овој српски ракометар. Со ангажманот на Голубовиќ клубот успеа да донесе квалитетно решение за позицијата десен бек, која беше испразнета со заминувањето на Никола Потиќ.

Прочитај повеќе