Актуелно

​Несреќен пораз во трилер-мечот со Прилеп

Тинекс Пролет не успеа да ја продолжи победничката серија во плејаутот откако вечерва по голема битка загуби од Прилеп со 29-30. Ваквиот исход е разочарувачки ако се знае дека Тинекс Пролет на подолги периоди имаше и водство, а во последната секунда не искористи пенал со кој можеше да стигне до реми.

Прочитај повеќе

​Младинците на Тинекс Пролет за едно полувреме го растурија Алкалоид

Младинската екипа на Тинекс Пролет продолжува со одличните изданија во својот ранг на натпреварување, откако денеска како гостин ја доби скопската пресметка со Алкалоид со минимални 34-35. За одбележување е фуриозното прво полувреме што се покажа и клучно за победата, ако се знае дека во него Тинекс Пролет за момент имаше и десет гола предност.

Прочитај повеќе

​Пресметка со Прилеп за продолжување на победничката серија

Ракометарите на Тинекс Пролет ќе се обидат за првпат сезонава да врзат четири победи, на дуелот во кој утре во 18 часот во салата „Македонско Сонце“ ќе го пречека составот на Прилеп.

Прочитај повеќе