Мисијата е исполнета - Струга освоена со 21-24

Тинекс Пролет ја забележа и петтата овосезонска победа откако во шестото коло од Супер-лигата нашиот тим триумфираше на незгодното гостување против Струга (21-24). Домашните ракометари се покажаа како тврд орев, но тимот на Тинекс Пролет покажа карактер, одолеа на притисокот во второто полувреме и заслужено се враќа дома со нови три бода на своето

Прочитај повеќе

Бошковски: Нема лесни гостувања, Струга се освојува само со максимално залагање

Тинекс Пролет денеска го очекува нов предизвик во Супер-лигата, гостување против екипата на Струга (16 часот) и обид во шестото коло да се забележи и петтата овосезонска победа. Овој дуел е увертира за пресметката со шампионот Вардар, но тренерот Андон Бошковски предупредува дека нема да биде нималку лесно да се стигне до бодовите против стружани.

Прочитај повеќе

Џонов: Квалитетот на Тинекс Пролет не е во прашање, но мораме да се бориме на секој меч

Иван Џонов ги надмина проблемите со повредите што го мачеа во изминатата сезона, па одличниот бек добива се позначајна улога во тимот на Андон Бошковски во Супер-лигата. По исклучувањето на Палевски на дуелот со Тиквеш тој беше прекомандуван на позицијата лево крило на која настапуваше пред две години, при што Џонов сосема добро ги заврши задачите

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет им се врати на победите, Тиквеш совладан со 31-26

Тинекс Пролет експресно им се врати на победите по поразот во Битола од Еурофарм Пелистер 2, откако избраниците на Андон Бошковски го совладаа Тиквеш со резултат 31-26. Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека Тинекс Пролет водеше од првата до последната минута, кршејќи го отпорот на тврдоглавиот противнк кој се покажа во добро светло во сала

Прочитај повеќе