Целта е остварена: Пролет е во плејофот, Бутел совладан со 22-20

Тинекс Пролет ја оствари зацртаната цел за оваа сезона, славејќи на дуелот против Бутел со 22-20, резултат со кој нашиот тим го осигура четвртото место во групата и учеството во плејофот во вториот дел од шампионатот.

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет на мегдан со Бутел, по печат на билетот за плејофот

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска во 18.30 часот на домашен терен против Бутел го играат последниот меч од Супер-лигата за оваа натпреварувачка сезона, Избраниците на тренерот Александар Јовиќ имаат два бода предност во однос на Голден Арт во трката за четвртото место кое води во плејоф разигрувањето. Ова практично значи дека Тинекс Пролет и со

Прочитај повеќе

Убедлива куп-победа со подмладен тим против Борец Велес (49-11)

Тинекс Пролет без никакви проблеми лесно и убедливо ја мина првата пречка во Купот на Македонија, совладувајќи го Борец Велес со резултат 49-11. Тренерот Јовиќ за овој натпревар ги одмори сите поискусни ракометари на нашиот тим, шанса добија помладите, кои доминираа од почеток до крај на теренот, славејќи со конечни 38 гола разлика.

Прочитај повеќе

Пораз на гостувањето против Еурофарм Пелистер (32-21)

Тинекс Пролет не успеа посериозно да му се спротивстави на шампионот Еурофарм Пелистер, губејќи на денешното гостување во Битола со 32-21 во рамките од претпоследното коло од Супер-лигата. Солидниот отпор траеше само дваесетина минути, по што „пелистерци“ ја демонстрираа разликата во квалитет на терен и заслужено стигнаа до убедлива победа.

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет на гости кај шампионот Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска ги очекува еден од најтешките предизвици во мак-ракометот, гостување во Битола против актуелниот првак Еурофарм Пелистер (19 часот, сала „Боро Чурлевски“). Пласманот во плејофот е практично осигуран, па избраниците на тренерот Александар Јовиќ без притисок патуваат во Битола во обид да се надигруваат со актуелн

Прочитај повеќе

Испуштена шанса за победа во последната секунда против Голден Арт (24-24)

Тинекс Пролет пропушти одлична можност да слави над Голден Арт и на тој начин да го осигура пласманот во плејофот, откако дуелот со скопскиот ривал попладнево заврши без победник,, 24-24. Ако финишт беше среќен за Тинекс Пролет минатиот викенд со Мулти Есенс, тоа не беше случај на денешниот меч, на кој примениот гол во последната секунда значеше ос

Прочитај повеќе