Еурофарм Пелистер 2, прв ривал во Купот на Македонија

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 е првиот ривал на Тинекс Пролет во рамките од четвртфиналните групи од Купот на Македонија, беше одлучено со ждрепката што денеска беше извршена во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.

Тинекс Пролет беше извлечен во групата 4, каде покрај нашиот клуб се најдоа уште и Еурофарм Пелистер 2, Прилеп и Голден Арт КЛ7. Со ждрепка беше утврдено ривал во полуфиналето да биде битолскиот клуб, а победникот од оваа пресметка ќе се сретне со подобриот од мечот Прилеп - Голден Арт КЛ7. 

Одигрувањето на овие натпревари е предвидено за 12/13 март, а местото на утврдување на средбите ќе биде дополнително утврдено.