Дуелот со Еурофарм Пелистер 2, шанса за враќање на победнички патеки

Денешниот ден носи нов предизвик за ракометарите на Тинекс Пролет, кои со почеток во 18.30 часот ќе го одиграат последниот домашен натпревар оваа сезона. Ривал на избраниците на тренерот Лембанов ќе биде Еурофарм Пелистер 2, тим што игра одличен ракомет сезонава и што e директен противник на Тинекс Пролет во трката за место во плејофот. 

Битолчани славеа на првиот овосезонски дуел на домашен терен со убедливи 29-22, што е само мотив повеќе за Тинекс Пролет денеска со добра игра да се реваншира и да се врати во победнички ритам, запирајќи ја резултатската криза во која нашиот клуб се најде во изминатиот период.

„Свесни сме дека мораме да играме многу подобро од она што го покажавме на последните натпревари. Еурофарм 2 е млад, но исклучително талентиран тим и нема да биде нималку лесно да се стигне до триумф. Сепак, ако успееме да се кренеме и одиграме онака како што знаеме, можеме да забележиме победа на последниот домашен дуел. Мотивираноста е на највисоко можно ниво“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести