ФОТОГАЛЕРИЈА: Историската победа во Гранолјерс

Тинекс Пролет оствари фантастичен успех со денешната победа над Гранолјерс, откако на гостински терен беше совладан големиот шпански ривал со резултат 27-29.

Пласманот во следната рунда од Лигата на Европа не е обезбеден, но овој тим на Тинекс Пролет покажа дека поседува и квалитет, искуство, но и потенцијал да продолжи да се развива со засилено темпо. 

Воедно, победата во Шпанија е само мотив повеќе за во исти стил да се стартува и домашното првенство, кое почнува за само неколку дена, со гостување во Автокоманда против екипата на Металург.

Овие фотографии засекогаш ќе останат како спомен од историската победа на Тинекс Пролет над повеќекратниот шамапион на Шпанија.

Галерија