Андоновски: Играме квалитетен ракомет, мора да продолжиме во ист стил

Тинекс Пролет рутински стигна до победата на гостувањето против Јуниор КВ, успешно отворајќи ја новата суперлигашка сезона. Иако конечниот исход беше „плус шест“, нашиот тим уште во првите дваесетина минути стигна до двоцифрена предност со што овозможи и тренерот Матлиески да направи повеќе ротации во тимот, за клучните играчи да сочуваат дел од силите за пеколниот распоред што следи во наредните два месеци. 

„Играме навистина квалитетен ракомет. Суштината е во тоа што огромен дел од екипата од ланската сезона остана во Пролет, а засилувањатаа кои беа доведени експресно се адаптираа и донесоа дополнителен квалитет во нашата игра. Одбраната со која диригира голманот Ангелов функционира беспрекорно, што ни овозможи уште на самиот почеток да го скршиме отпорот на Јуниор КВ во првото коло. Најважно од се е да го задржиме ваквиот пристап, да играме максимално ангажирано, ако го сториме тоа пласманот во плејофот не би требало да биде доведен во прашање“, истакнува капитенот Ласко Андоновски.

Следен предизвик за Тинекс Пролет е утрешниот дуел на домашен терен против Астраион (19.30 часот).

„Новите суперлигаши вообичаено влегуваат мотивирани во првите натпревари, го видовме тоа и со Астраион кој во првото коло славеше над Радовиш. Струмичани сигурно не се наивен противник, квалитетот е на наша страна, но само со максимално залагање ќе можеме да го скршиме нивниот отпор и да прокнижиме нови бодови“, порачува Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид32
2Вардар30
3Е. Пелистер30
4Охрид27
5Тиквеш18
6Бутел18
7Пролет14
8Прилеп14
9Куманово8
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести