Контролен натпревар против Металург (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска одиграа уште еден контролен натпревар, овојпат во салата „Автокоманда“ против екипата на Металург. По вчерашниот триумф над Работнички, овојпат за ривал имавме поквалитетна екипа на која достојно и се спротивставивме, но сепак на крајот претрпевме пораз од 29-25.

Мечот најпрвин се играше три третини по 20 минути, период. Тинекс Пролет добро парираше во почетната фаза на мечот, беше израмнето со 6-6, по што противникот заигра нешто подобро и го контролираше резултатот до самиот крај. По завршувањето на овие 60 минути, двајцата тренери се договорија да бидат одиграни уште дополнителни 15 минути игра во кои Матлиески и Кастратовиќ испробаа различни тактички варијанти.

Нашиот тим утре ќе одигра уште еден пријателски натпревар, трет во рок од три дена, повторно против екипата на Работнички, во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 16 часот.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести