Андоновски: Охрид беше за нијанса подобар ривал

Капитенот на Тинекс Пролет, Ласко Андоновски, им го честиташе триумфот на ракометарите на Охрид. Дерби-дуелот што вчера се одигра во салата „Билјанини Извори“ се одигра во одлична атмосфера, а по голема битка нашиот тим претрпе минимален пораз.

„И двете екипи одигравме добар натпревар, но Охрид беше за нијанса подобар противник. Ние не ги користевме шансите што ни се укажаа, грешевме кога имавме можност да се вратиме во мечот, а домаќините знаеја како да го искористат тоа и погодуваа кога беше најважно за нив. Одлично беше да се игра пред полни трибини, честитки до навивачите на Охрид за 30. роденден и благодарност за коректното навивање во текот на целиот натпревар“ - изјави Андоновски.

Следен предизвик за Тинекс Пролет е младиот тим на Металург 2, дуел на кој се очекува нашата екипа да се врати на победнички патеки.