Минимален пораз на „жешкиот терен“ во Охрид (29-28)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз на гостувањето во Охрид (29-28) во рамките од десеттото коло во Супер-лигата. Нашиот тим се обиде да приреди изненадување, но не успеа да ги запре налетите на домаќините, но охриѓании одиграа квалитетен меч и на крајот заслужено стигнаа до победата.

Избраниците на Раде Стојановиќ до клучната предност стигнаа во првото полувреме, во кое ги диктираа темпото и резултатот. Подобрата завршница на полувремето им овозможи на домашните ракометари да заминат на одмор со водство од 16-12, предност што охриѓани ја задржаа во поголемиот дел од второто полувреме. Домашните ракометари прерано почнаа да ја слават победата, а Тинекс Пролет го искористи тоа, постигна неколку голови во последните три минути, се до конечните 29-28 со голот што во последните секунди од мечот го реализираше капитенот Ласко Андоновски.