Пораз и реми на последните контролни средби

Ракометарите на Тинекс Пролет забележаа еден пораз и едно реми на двете контролни средби одиграни во изминатите 24 часа, последни пријателски натпреварии во пресрет на новата сезона. Тренерот Матлиески и за двата дуели не можеше да смета на Аларов и на Џонов, кои ќе бидат значајни алки во тимот на Тинекс Пролет во текот на сезоната.

Нашата екипа го пречека составот на Струга, но напорниот ритам на тренинзи придонесе да не биде прикажана посакуваната игра. Стружани изненадија со подобро издание во првото полувреме (10-14), по што умешно ја задржаа предноста до самиот крај и конечните 26-30.

Тинекс Пролет се покажа во подобро светло на денешното гостување во Лесковац против екипата на Дубочица. Целиот натпревар мина во израмнета игра и тактичко надмудрување, на паузата домаќините имаа предност од 16-15, за на крајот мечот да заврши со реми (29-29).

Нашиот тим новата сезона ќе ја стартува со домашен натпревар против Охрид.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести