Тинекс Пролет е во плејофот - Прилеп растурен со 40-24

Тинекс Пролет е онаму каде што припаѓа - во самиот врв на македонскиот ракомет откако нашиот тим вечерва славеше над Прилеп со убедливи 40-24, обезбедувајќи си учество во плеј-офот од домашниот шампионат. Тренерот Матлиески и неговите избраници рутински си ја одработеа задачата против подмладениот противник, доминираа од почеток до крај и го сосема заслужено се радуваа на триумфот што го запечати плассманот во плеј-офот.

Гостите парираа само неколку минути, до 2-2, за потоа нашиот тим целосно да ја преземе контролата над играта и резултатот. Екс-играчт на прилепчани, Филип Ролевски, беше особено мотивиран против поранешниот клуб, предводејќи го Пролет до убедлива предност уште во текот на првото полувреме. На одмор се замина со водство од 19-13, како најава за уште пофуриозното второ полувреме на Тинекс Пролет. Како што одминуваше времето така и предноста на Тинекс Пролет се зголемуваше, за повторно еден натпревар на домашен терен да завршиме со 40 постигнати голови и предност од 16 погодоци.

Ролевски беше главна фигура на овој натпревар со 11 постигнати гола, Џонов постигна пет, а Даев и Александар Василевски по четири погодоци. Капитенот Андоновски го заврши мечот со три постигнати гола, исто колку и младиот Бојан Манев.

Тинекс Пролет повторно ќе биде дел од разигрувањето за титулата во македонскиот шампионат, а во плеј-офот наши противници ќе бидат Вардар, Металург, Еурофарм Работник, Пелистер и Бутел.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6217
2РК Прилеп13
3МРК Куманово11
4РК Радовиш10
5РК Струга8
6РК Фруит Ленд Борец0

Најнови вести

Архива на вести