Василевски: Местото на Тинекс Пролет е во елитата, да го докажеме тоа

Се е подготвено за славје во таборот на Тинекс Пролет, нашиот тим се доведе во ситуација во последното коло да биде „господар на сопствената судбина“, па со победа над Прилеп да обезбеди место во плеј-офот. Јасно е, фаворитската улога мора да биде оправдана и на терен, но разликата во квалитет е голема и со право очекуваме убедлива победа за заокружување на оваа успешна суперлигашка сезона.

„Последниот натпревар на хартија е меѓу најлесните, но за нас воедно е и најважен. Поквалитетни сме од Прилеп, а овој клуб во меѓувреме зимава остана и без неколку ракометари. Значењето на средбата е огромно и затоа сме максимално мотивирани да одиграме најдобро што знаеме и да стигнеме до посакуваната победа. Нема сомнеж, со квалитетот што го поседуваме и со игрите што ги прикажуваме местото на Тинекс Пролет е во самата елита на македонскиот ракомет“ - истакнува пивотот Филип Василевски.

Натпреварот меѓу Тинекс Пролет и Прилеп на програмата е утре со почеток во 18.30 часот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести