Убедлива победа над Борец за успешен крај на годината (42-26)

Тинекс Пролет направи уште еден сигурен чекор напред кон плејофот откако вечерва без многу мака славеше над Борец со убедливи 42-26. Во последниот натпревар за нашиот тим во оваа календарска година за ривал го имавме „фенерџијата“ на табелата, кој очекувано не ни создаде посериозни проблеми во обидот да прокнижиме нови бодови. Тренерот Матлиески оправдано реши да им даде заслужен одмор на дел од најдобрите ракометари од досегашниот дел од сезоната, но тоа не се одрази врз настапот на Тинекс Пролет, добивајќи го овој натпревар со убедливи 16 гола разлика.

Веќе во петтата минути домашниот тим поведе со 5-1, јасно ставајќи до знаење дека приказната околу победникот ќе биде завршена уште во раната фаза на натпреварот. Убедливата предност беше одржувана во текот на првото полувреме, на одмор се замина со водство на Пролет од 18-11, за во вториот дел максимално да биде искористена послабата физичка подготвеност на противникот. Младите ракометари кои добија шанса ја оправдаа довербата на Матлиески, зголемувајќи ја предноста до самиот крај, се до конечните 42-26.

Аларов со осум гола беше најдобар стрелец во нашата екипа, по седум постигнаа Трајковски и Манев, а шест пати меѓу стрелците се запиша Џонов.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид10
2Алкалоид10
3Вардар10
4Е. Пелистер8
5Прилеп5
6Бутел4
7Пролет4
8Куманово4
9Тиквеш3
10Струга2
11Борец2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести