​Младинците на Тинекс Пролет до огромна победа над битолчани

Младинскиот тим на Тинекс Пролет стигна до огромна победа над Еурофарм Пелистер 2 од минимални 33-32.
Нашите млади ракометари одиграа перфектен меч против квалитетниот ривал кој има ракометари кои се дел и од
Супер-лигата, беа пофокусирани во финишот и заслужено стигнаа до победата.

Тинекс Пролет водеше со минимални 14-13 на полувремето, а потоа беше подобар ривал во голем дел од вториот дел, поведувајќи со 31-27. Битолчани со четири гола во низа израмнија на 31-31, но Тинекс Пролет одигра најдобро кога беше најважно и преку Крстески и Јовиќ постигна голови за конечна победа.

Марко Ѓорчески беше прв стрелец на тимот со 10 гола, додека осум погодоци постигна Димитар Симовски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести