Пионерите на Тинекс Пролет до убедлив триумф над Пелистер

Пионерскиот тим на Тинекс Пролет стигна до голема победа во рамките од седмото коло, на домашен терен декласирајќи го Пелистер со резултат 21-12. Младите ракометари на Тинекс Пролет прикажаа одличен настап, целосно го надиграа гостинот од Битола во текот на сите 40 минути и заслужено стигнаа до победата.

Особено импресивно делуваше одбраната на пионерите на Тинекс Пролет во првото полувреме, во кое на гостите им беше дозволено да постигнат само три погодоци. Нашите ракометни таленти уште по 20 минути игра си создадоа одлична предност од 8-3 преку Стојановски, а истиот ракометар го отвори второто полувреме со ран гол за 9-3.

Во останатиот дел од мечот Тиекс Пролет е само што ја задржа, туку и дополнително ја зголеми позитивата, преку Пејковски стигавме и до првото двоцифрено водство, по што битолчани пред самиот крај ги поставија конечните „плус девет“.

Јован Трајков и Мартин Стојановски беа клучни ракометари во нападот постигнувајќи по седум погодоци, а уште седум ракометари успеаја по еднаш да се запишат меѓу стрелците на овој одличен меч за пионерите на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар36
2Е. Пелистер32
3Охрид31
4Алкалоид31
5Тиквеш20
6Бутел20
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести