​Ин Мемориам – Илија Темелковски (1953-2025)

Со голема тага ја примивме веста за смртта на Илија Темелковски, големата легенда на РК Тинекс Пролет што во огромен дел од својата играчка, потоа и во тренерската кариера беше дел од нашиот клуб.

Темелковски важеше за еден од најдобрите ракометари во својата генерација во тимот на Тинекс Пролет што бележеше добри резултати во времето на поранешна Југославија. По завршувањето на играчката кариера тој во неколку наврати беше и тренер на Тинекс Пролет и остана дел од клубот до самата смрт, како дел од младинската школа на РК Тинекс Пролет.

Од името на сите во клубот упатуваме искрено сочуство до семејството на Темелковски.

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот - Градски гробишта Бутел (капела).

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар20
2Алкалоид18
3Е. Пелистер15
4Охрид13
5Бутел11
6Тинекс Пролет9
7Тиквеш8
8Е. Пелистер 26
9Прилеп6
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести