Целосна доминација и убедлива победа со Струга (38-26)

Реванш, за поразот во првата сезонска меѓусебна пресметка, на најдобар можен начин против екипата на Струга во 14. коло од Суперлигата на Македонија, сега со убедлив триумф на Тинекс Пролет од 38-26 (18-14). Исклучително два важни бода со кои нашата екипа останува во игра за плеј-офот во домашното првенство.

Уште на стартот од натпреварот преку разиграните Стојановски и Бакар се создаде предност која во 25. минута изнесуваше и шест гола разлика (16-10), со што веќе беше најавена победата на натпреварот. До крајот на полувремето, гостите успеаја единствено малку да ја ублажат негативата, за 18-14 на паузата.

Избраниците на Александар Јовиќ и низ првите минути од второто полувреме во континуитет ја одржуваа предноста со максимална контрола на играта и резултатот. Комплетниот отпор на Струга се скрши целосно низ последните 15 минути кога се дојде до убедливата победа од 12 гола разлика (38-26).



Најдобри поединци кај нашата екипа беа Андреј Стојановски и Мохамед Бакар со по шест постигнати гола, а со по пет постигнати погодоци натпреварот го завршија Ласко Андоновски и Томислав Димковски. Кај Струга се издвои Ненад Костоски со осум гола,а Богдан Мијушковиќ натпреварот го заврши со пет погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести