Андоновски: Струга е ривал што го почитуваме, но одиме по гостинска победа

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска во 16 часот гостуваат на Струга во обид да стигнат до втората победа во плејоф доигрувањето. Стружани се со серија порази од стартот на плејофот, но тоа не го менува фактот дека станува збор за квалитетен спој на младост и искуство. 

Поради ова, избраниците на Александар Јовиќ се свесни дека мора да се одигра максимално од првата до последната минута ако се сака да се стигне до победата.

„Изгледот на табелата воопшто не е важен во овој случај, Струга има квалитетен состав што може да казни секого што барем за момент ќе го потцени овој тим. Ние сме свесни за сопствените квалитети, но и максимално го  почитуваме денешниот ривал. Знаеме дека ако одиграме стопроцентно можеме да стигнеме до бодовите и затоа ќе сториме се за да ја забележиме првата гостинска победа во плејофот. Клучна ќе биде нашата дисциплина во нападот, ако одиграме квалитетно и го лимитираме бројот на лесни голови на противникот верувам дека можеме да триумфираме“, изјави Ласко Андоновски, капитенот на тимот на Тинекс Пролет.

Мечот во салата „Нико Нестор“ во Струга почнува во 16 часот, а задолжени за делење на правдата се Виктор Начевски и Даниело Божиновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести